• English
  • Български
  • Македонски

„Варварството започнува од дома“ – изложба на современо сликарство во Арт центар Банкја

На 10 ноември 2023 година, во галеријата на Арт Центарот Банкја, Софија, се одржа отворањето на изложбата „Варварството започнува од дома“ на која е претставена современата уметност,  изборот е на д-р Сузана Николова.

Две дела на Иво Пецов („Нетрајно 1“од 2015 и „Меѓуодноси – Надлажување“ од 2014 година) беа дел од вкупно 12 претставени автори.

Изложбата беше составена од дела на авторите: Богдан Александров, Генадиј Гатев, Десислава Христова, Иван Ќуранов, Иван Стефанов, Иво Пецов, Марјан Ѕин, Мирослава Стојанова, Радослав Мaглов, Росен Тошев, Свилен Стефанов, Цветан Крстев.

Арт центар Банка секоја година подготвува изложби на современа уметност, на кои учествуваат значајни автори за бугарската уметничка сцена.